„Катимерини“: Ципрас не сака да соработува за бегалците

28.10.2015 12:42

Весникот пишува дека Ципрас ја напуштил дебатата организирана во рамки на Самитот во Брисел за да зборува на телефон со Атина...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас не сака да соработува со Македонија или со Турција во однос на кризата со бегалците, објави весникот „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори. 

Весникот пишува дека Ципрас ја напуштил дебатата организирана во рамки на Самитот во Брисел за да зборува на телефон со Атина.

Причината, како што наведува грчкиот печат, поради која Ципрас не сака да соработува со Македонија или со Турција, е поради влијанието на министерот за одбрана Панос Каменос и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.