Австрија ќе гради ограда на границата со Словенија

28.10.2015 13:06

Доколку Германија ги затвори границите за бегалците, на Австрија и се заканува хуманитарна катастрофа, бидејќи се потрошени сите ресурси, анализира весникот „Кронен Цајтунг“...

Австрија ќе гради ограда во должина со границата со словенија, најави австриската министерка за внатрешни работи Јоана Лајтнер, при што додаде дека земјата мора навреме да преземе мерки и да биде подготвена  доколку  дојде до влошување на состојбата.

Доколку Германија ги затвори границите за бегалците, на Австрија и се заканува хуманитарна катастрофа, бидејќи се потрошени сите ресурси, анализира весникот „Кронен Цајтунг“. 

Според последните податоци за една недела во земјата влегле 58.000 бегалци. Потпретседателката на Европскиот парламент , Улрике Луначек не се согласува со  одлуката да се ставаат огради на границите и  додаде  дека оваа постапка е доказ за неуспех.