Турската полиција насилно влезе во опозициска телевизија

28.10.2015 13:15

Со спреј и водни топови ги растерала луѓето кои не дозволувале силите за безбедност да влезат во просториите...

Турската полиција во Истанбул влегла  насилно во просториите на опозициска телевизија, која била поврзана со Фетулах Гулем, најголемиот противник на Ердоган, кој е во егзил во САД.

Со спреј и водни топови ги растерала луѓето кои не дозволувале силите за безбедност да влезат во просториите.

Снимката од конфликтот со вработените била пренесувана во живо.