Се гради нова водоводна мрежа во Општина Аеродром

28.10.2015 13:42

Граѓаните ќе добијат квалитетно водоснабдување...

Стартуваше изградбата на нов водовод во Општина Аеродром. Инвестицијата е вредна 10 милиони денари.

Со неа ќе се покријат жителите на улицата „Руди Чајевац“, ниска и висока зона, каде што во моментов се градат високотаници. Изградбата се врши потегот од улицата „Коста Новаковиќ“ до „Фрањо Клуз“ со вкупна должина од 1.060 метри.

Граѓаните на овој потег ќе добијат квалитетно водоснабдување.