20 целосни стипендии за додипломски студии во Унгарија
Министерството за образование и наука ги известува сите заинтересирани дека е објавен Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки во Република Унгарија, кој е во согласност со потпишаната „Работна програма за образовна и научна соработка помеѓу Република Македонија и Република Унгарија“, во рамките на програмата “Stipendium Hungaricum“.

Програмата “Stipendium Hungaricum“ е основана од страна на Владата на Република Унгарија во 2013 година. Република Унгарија преку Одборот за стипендии на унгарскиот институт Balassi нуди стипендии за странски државјани заинтересирани за додипломски, постдипломски или докторски студии во акредитирани високообразовни институции во Унгарија за општествени или технички науки.
Заинтересираните кандидати апликацијата за стипендија и потребните документи треба да ги достават до Министерството за образование и наука на адреса ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје.
Апликацијата за стипендија може да се преземе на веб страната на Министерството за образование и наука.