Путин: Зголемена терористичка закана од Блискиот Исток

28.10.2015 13:43

Путин ги предупреди 12-те поранешни Советски републики дека поради зголемената терористичка закана на Блискиот Исток и во Северна Африка е неопходна соработка на повисоко ниво меѓу специјалните служби на повеќе земји...

Преку писмено соопштение, рускиот претседател Путин, ги предупреди 12-те поранешни Советски републики дека поради зголемената терористичка закана на Блискиот Исток и во Северна Африка е неопходна соработка на повисоко ниво меѓу специјалните служби на повеќе земји.

Според Путин терористите ја користат состојбата на Блискиот Исток и регионот како упориште, каде се регрутираат и обучуваат многу луѓе.