Индустриското производство во септември со раст од 8,6%
Индустриското производство во периодот јануари - септември 2015 година, во однос на периодот јануари - септември 2014 година, е поголемо за 2,5%...

Раст од 8,6% забележа индустриското производство во септември оваа година, во споредба со истиот период лани, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 3,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,2%, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,8%.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,5%, Капитални производи за 24,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8%.
Индустриското производство во периодот јануари - септември 2015 година, во однос на периодот јануари - септември 2014 година, е поголемо за 2,5%.
