Македонскиот тутун наскоро на кинескиот пазар

28.10.2015 14:19

Со реална откупна цена и субвенциите од државата, од тутунот може да се живее. Останува главна егзистенцијална култура за 150.000 жители во Македонија, констатираат македонските тутунари во Прилеп на денешниот Светски ден на тутунот. Министерот Михаил Цветков најави - во тек се разговорите со кинеската тутунска индустрија македонското жолто злато да се најде на далечниот источен пазар...

Македонскиот тутун наскоро може да се најде на далечниот кинески пазар, најави министерот за земјоделство Михаил Цветков на денеѓното одбележување на светскиот ден на тутунот во Прилеп.

„Јас имав пред десетина дена средба со кинеска делегација и се надеваме дека тие барања што ги бараат да ги исполниме ние како извозници, односно претпријатијата кои сакаат да извезуваат дека ќе ги изполнат и ќе можеме од годинашнава реколта да извезвуваме тутун на кинескиот пазар“, изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Годинашнава реколта помала, но многу квалитетна. Ориенталниот тутун котира на светските берзи.

„Ориенталниот ароматичен тутун се уште се бара во бленд цигарите и ние не стравуваме“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Прилепските тутунари не се откажуваат од производството.

„Да, да, заедно со субвенциите се живее од тутунот“, вели Муса Топалоски, тутунар од село Дебреште.

Главната индустриска култура во прилепско, влијае на локалната економија

„Имаме и субвенции што ги добивааат земјоделците, односно тутунопроизводителите и заедно со откупната цена, тоа навистина е голема финансиска маса која влегува во локалната економија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Преку 28.500 договори тутунарите потпишаа со откупувачите. Четири компании се подготвени да го почнат откупот месец дена порано од законскиот рок, 15-ти декември.


Елизабета Митреска