Промовирани публикации за Македонија на англиски јазик
Провокација, странските гости во земјава да се запознаат со материјалната и духовната култура, со природните ресурси и ремек-делата на нашето уметничкото творештво...

Преведените изданија на англиски јазик за манастирот Зрзе, црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Скупи и Скопско кале се само дел од 120-те публикации за културното црковно наследство. Ќе бидат промовирани пред македонската и светската јавност до крајот на 2018-та година. Провокација, странските гости во земјава да се запознаат со материјалната и духовната култура, со природните ресурси и ремек-делата на нашето уметничкото творештво.
Македонската раскошна оставнина и овие вредни публикации ќе ја претстават државава на неколку значајни археолошки саеми на кои ќе има над 350 излагачи од целиот свет, експерти, историчари на уметноста, археолози, занаетчии и архитекти.
„Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Република Македонија“ е скапоцен документ- доказ за македонската цивилизациска присутност на овие простори, рече министерката за култура.
Александра Перевска
