Спасов: Со „Македонија вработува“ досега вработени 7.880 лица
Невработеноста се намалува. Домашниот приватен сектор се повеќе го користи проектот „Македонија врабоува“ за да дојде до потребниот кадар...

Активните мерки за вработување даваат резултат – вели министерот за труд и социјала, Диме Спасов. Невработеноста се намалува. Домашниот приватен сектор се повеќе го користи проектот „Македонија врабоува“ за да дојде до потребниот кадар.
„На ниво на нашата држава со проектот се вработени 7.880 заклучно со денеска. Од ден на ден се зголемува бројот на постигнати вработувања, бројот на невработени лица коишто стигнале до своето работно место, до можноста за редовна плата, за работно место, за егзистенција преку овој проект“, изјави министерот Спасов.
Тој додаде - ако се направи пресметка дека просечно за едно работно место имаат ослободување од плаќање на социјални придонеси за 12 месеци од околу 1.800 евра, досега со овие 7.880 постигнати работни места, на годишно ниво се субвенционирани од држава со околу 14 милиони евра.
