Пакет мерки за подобрување на деловната клима

28.10.2015 17:05

На адреса на владата- нов пакет мерки од Сојузот на комори за подобрување на бизнис климата. Бараат надминување на дел од проблемите со кои се соочиле во работењето измината година...

Пониски каматни стапки на наменските кредити за стимулација на приватниот бизнис,  повеќе пари за жени претприемачи. На адреса на владата- нов пакет мерки од Сојузот  на комори за подобрување на бизнис климата. Бараат надминување на дел од проблемите со кои се соочиле во работењето измината година.

„Мерките се креирани од страна на 19 секторски и регионални стопански комори и претставуваат дел од предизвиците со кои се соочуваат компаниите во изминатата година, како и одредени анализи и предлози за нивно надминување и разрешување“, вели Данела Арсовска – претседател на ССК.

Политичката криза има големо влијание над бизнисот кај малите и средни фирми, за поголема продуктивност, Сојузот на коморите апелира, сите фактори да се сконцентрираат  на надминување на проблемите со кои се соочуваат.

„Сите оние кои имале развојни проекти и одредени инвестиции што ги планирале за годинава и за 2016 година ги прават своите проекции без овие проекти поради тоа што гледаат неизвесност на целата ситуација што се случува“, вели Арсовска.

Од минатиот пакет еконосмки мерки што го доставија до владата, речиси 80 насто од предлозите биле усвоени, спроведени или во фаза на реализација.

 

Сузана Фиданска- Стоевска