Ниската сообраќајна култура е причина за жртвите во сообраќајот

28.10.2015 17:28

Полициската статистика говори дека во 90 насто несреќи - причина е човечки фактор. Засилени се полициските контроли, но резултати се уште нема...

Морничава слика остава секоја сообраќајна несреќа. Речиси секојдневно сме сведоци на загинати и повредени. Во Скопје регистрирани најмногу. Полициската статистика говори дека во 90 насто несреќи - причина е човечки фактор. Засилени се полициските контроли, но резултати се уште нема.

Во просек, во Македонија годишно околу 170 лица го губат животот во сообраќајни несреќи. Се вози во пијана состојба, без возачка дозвола, а се занемаруваат семафорите и сообраќајните знаци.

Со ефективно спроведување на Законот, превентивните и репресивните мерки до надминување на проблемот. Тука се и низата кампањи за будење на свеста кај учесниците во сообраќајот. Се превенира од најрана возраст.

И АМСМ се вклучени во декадата на ОН за безбеден сообраќај. Глобалната црна статистика е 5 милиони жртви годишно и  50 милиони повредени.

Надлежните апелираат- сообраќајните несреќи да не се злоупотребуваат за купување на дневно политички поени, туку заеднички да се работи за надминување на проблемот.  

Наташа Гркова- Петрушевска