Исламска држава одговорна за нападите во Анкара

28.10.2015 17:37

Во соопштението од обвинителството се наведува и дека е утврден редовен прилив на пари за таа ќелија од Исламска држава во Сирија...

Турското обвинителство соопшти дека локалната ќелија на Исламска држава е одговорна за двата самоубиствени напади за време на собирот во Анкара, во кој загинаа 102 лица. Се верува дека групата поврзана со  база во грдот Газијантеп, во близина на границата со Сирија е одговорна и за четирите напади во Турција изведени во мај.

Во соопштението од обвинителството се наведува и дека е утврден редовен прилив на пари за таа ќелија од Исламска држава во Сирија. 

Групата од Исламска држава добила дозвола за напади на курдските бунтовници и други групи во Турција, а била побарана дозвола и за напади на припадници на еврејското и хирстијанското малцинство.