Австрија и Словенија ќе поставуваат ограда на границата
28.10.2015 17:38
Словенечките власти истовремено соопштија дека се подготвуваат за изградба на ограда на границата кон Хрватска, доколку не запре бранот бегалци...

Aвстриските власти ќе почнат со изградба на ограда на границата со цел да го контролираат приловот на мигранти од соседна Словенија. Според министерот за внатрешни, изградбата ќе почне за десет дена.
Словенечките власти истовремено соопштија дека се подготвуваат за изградба на ограда на границата кон Хрватска, доколку не запре бранот бегалци. Само во последните 12 дена во Словенија од соседна Хрватска дошле скоро 90 илјади луѓе.
