Има пари и во стечајот
Порцеланци ги добија парите за стечен надомест но несите го подмирија долгот кон адвокатот кој пет години ги застапуваше. Дел од некогашните работници тврдат договорот е ништовен, бараат нови пресметки оти според нив премногу било секој на адвокатот да му исплата по околу 80 илјади денари. Адвокатот Торов за МРТ вели, водев долгоодишен судски спор кој сам го финансирав, ако некој имал забелешка на договорот требало тогаш да каже.

Дел од стечајците од велешка Порцеланка кои на својите трансакциони сметки ги добија парите за стечаен надомест се во недоумица, дали на адвокатот со кој потпишале договор за застапување да му исплата 20 проценти од вкупната сума или да чекаат тој да направи нова пресметка. Законот за облигациони односи е јасен велат порцеланци, и токму отука тие го црпат главниот адут за ништовност на договорот од 2009 година.Штом ја добијат новата пресметка велат работниците на адвокатот веднаш ќе му плателе.
„Колку тужби направил, колку жалби направил, колку пати бил во Скопје нека пресмета и се што му следува ќе му исплатиме, но само да дојде и да го даде налогот одете и платете“, рече Звонко Самарџиев.
Законот за адвокатура дозволува со странка да се склучи договор за застапување во кој наградата за стработеното е изразена во проценти, тврди адвокатот Трајче Торов.Барањето за нова пресметка е неосновано.
„Пет години вложувам, водев три управни спорови, неколку управни постапки се на мој трошок, така да ова е само хир на поединци, најголем дел од луѓето се благодарни и постапуваат“, рече Трајче Торов, адвокат.
Торов беше адвокат на осумдесетина некогашни работници на Порцеланка. Еден дел од оние кои ги добија парите, за извршената услуга според договорите веќе му исплатиле 20 проценти. Овие другиве велат ако не добијат нова пресметка, ќе чекаат Адвокатската комора да се произнесе по нивното барање за тумачење на состојбата.
Новинар Дијана Иванова
Снимател Никола Василковски