Земјоделскиот инспекторат заплени 3,5 тони тутун
29.10.2015 10:17
Трката за тутун почна нелегално. Инспекторатот за земјоделство запленил 3,5 тони купен тутун пред законскиот рок за откуп кој почнува од 15 ноември...

Државниот инспекторат за земјоделство заплени 3 и пол тони нелегално откупен тутун.
Продажба на тутунот според законот не може да почне пред 15 ноември до кога треба да бидат изработени мостри од страна на министерството за земјоделство, Сојузот на тутунарите и Институтот за тутун.
Тутунарите кои предвреме го продале тутунот ќе немаат право на субвенции од државата, бидејќи овој тутун се продава на црниот пазар.
Годинава се очекуваат скоро 20 илјади тони тутун или за 3.000 тони помалку од лани. Според сегашните најави потребата на монополите е 25.000 тони.
Методија Трајков
