Врховниот суд одбележува 70 години од основањето

29.10.2015 10:35

Врховниот суд на Република Македонија одбележува 70 години од основањето. На свеченоста ќе се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски...

Со свечена академија и конференција, Врховниот суд на Република Македонија одбележува 70 години од основањето. На свеченоста ќе се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Како дел од активностите за одбележувањето на јубилејот, ќе се одржи и регионална конференција на претседателите на врховните судови на земјите од регионот. Тема ќе биде „Судската пракса на Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права, како неопходен предуслов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“.