Кери: Интензивни дипломатски напори за крај на сириската граѓанска војна

29.10.2015 11:09

Тој во Виена треба да се сретне со министрите за надворешни Русија, Велика Британија, Франција, Германија и на Европската Унија, како и на регионалните сили Турција, Саудиска Арабија, Египет и Либан...

САД ги интензивираат дипломатските напори за ставање крај на „пеколот“ на сириската граѓанска војна, дури и со зголемена поддршка за умерените бунтовници, изјави државниот секретар Џон Кери.

Тој во Виена треба да се сретне со министрите за надворешни Русија, Велика Британија, Франција, Германија и на Европската Унија, како и на регионалните сили Турција, Саудиска Арабија, Египет и Либан.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека Анкара може да ги нападне сириските Курди, поддржани од САД, за да ги спречи да објават автономија во градот Тел Абад близу до турската граница.