Спасени 242 мигранти од бродолом кај Лезбос

29.10.2015 11:23

Не се знае колку точно патници имало, во текот на ноќта хеликоптер, рибарски чамци и бродови на европската гранична агенција Фронтекс ја продолжија потрагата по евентуални преживеани...

Грчката крајбрежна стража спаси 242 мигранти од голем бродолом кај островот Лезбос, има и удавени, меѓу кои и пет деца.

Не се знае колку точно патници имало, во текот на ноќта хеликоптер, рибарски чамци и бродови на европската гранична агенција Фронтекс ја продолжија потрагата по евентуални преживеани.

Спасените мигранти страдале од шок и хипотермија по повеќе часови поминати во морето среде невреме.