Меркел во Кина, кинески компании порачаа 130 авиони „Ербас“
29.10.2015 11:33
Со Меркел во Кина допатува тим од 20 директори од машинскиот, автомобилскиот и телекомуникацискиот сектор...

Кинески компании порачаа 130 авиони „Ербас“ за 17 милијарди долари за време на посетата на канцеларката Меркел на Пекинг.
Со неа во Кина допатува тим од 20 директори од машинскиот, автомобилскиот и телекомуникацискиот сектор.
За време на билатералните разговори станало збор и за ситуацијата во Сирија, при што кинескиот премиер Кечијанг и Меркел изразиле единствен став дека сирискиот конфликт има потреба од политичко решение.
