Американски воен цепелин летал без контрола
29.10.2015 11:36
Два борбени авиони Ф-16 беа пратени да го соборат леталото со технологија за откривање ракетни напади...

Американски воен цепелин кој се откачил од воената база во Мериленд е успешно приземјен, откако неколку часа правеше хаос летајќи без контрола.
Два борбени авиони Ф-16 беа пратени да го соборат леталото со технологија за откривање ракетни напади.
Цепелинот по себе влечел кабел долг два километри и во едно место предизвика прекин на електричната енергија бидејќи закачи далноводи.
Не се познати околностите под кои „побегнал“ од воената база.
