За 4 ипол месеци издадени речиси 190 илјади потврди за азил

29.10.2015 11:47

поред државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 124.309, потоа Авганистан 36.920, Ирак 14.761, Пакистан 4.175, од Иран 3.146...

За 24 часа МВР издаде 3.354 потврди за искажана намера за барање азил. Најбројни се државјаните на Авганистан 1.711, од Сирија- 1.238 и од Ирак- 334, додека другите се во помал број.

За 4 ипол месеци се издадени речиси 190 илјади потврди за азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 124.309, потоа Авганистан 36.920, Ирак 14.761, Пакистан 4.175, од Иран 3.146...

До одделението за азил досега се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил, информираат од МВР.