Кина ја укинува политиката на едно дете

29.10.2015 12:00

На сите двојки ќе им биде дозволени да имаат по две деца, соопшти агенцијата повикувајќи се на изјава од Комунистичката партија...

Кинеските власти одлучија да ја укинат долгогодипната политика на едно дете, соопшти агенцијата „Ксинхуа“.

На сите двојки ќе им биде дозволенo да имаат по две деца, соопшти агенцијата повикувајќи се на изјава од Комунистичката партија.

Оваа контроверзна политика беше воведена во 1979 година, со цел да се намали стапката на нателитет и да се забави растот на популацијата.

Во последните години оваа политика истовремено доведе до забрзано стареење на кинеската популација.