ЕУ може да се распадне ако не одговори колекитвно на маигрантската криза
29.10.2015 12:25
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, смета дека ако Европејците останат на национални одговори на европската појава, кризата само ќе се влоши...

Европската унија може и да се распадне ако не одговори на мигрантската криза колективно и со инструментите со кои располага.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, смета дека ако Европејците останат на национални одговори на европската појава, кризата само ќе се влоши, со верижни реакции на јавното мислење и националните влади.
Австрија најави ограда кон Словенија, што би била прва во шенген зоната на слободно движење.
