Македонија меѓу 5-те наградени држави на Европската конференција за иновации и претприемништво

29.10.2015 12:56

Земјава станува лидер во регионот по спроведувањето на реформите од оваа област, вели заменик министерот за образование, Спиро Ристовски...

Македонија е една од 5- те наградени држави на Европската конференција за иновации и претприемиштво која се оддржа во Џенова, Италија. Земјава станува лидер во регионот по спроведувањето на реформите од оваа област, вели заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

„За нас ова е крупен исчекор и потврда за сите активности кои ги спроведувавме изминатиот период, а кои се од особено значење за наставниците, а пред се за учениците, кои на еден начин ќе го дочекаат подготвени новото време во кое најголемо значење имаат иновациите, претприемништвото и бизнисот“, изјави заменик министерот Ристовски.

За таа цел во МАНУ, наставниците од средните и основните училишта добија обука за наставните програми по предметите бизнис, претприемништво и иновации.

Според академиците иновациите се двигател на економијата.

Иновацијата, вели академикот Таки Фити, ги облагородува сите останати ресурси. На макро- план, иновацијата и технолошкиот напредок се единствениот фактор кој може да ги помести границите на економскиот раст и развој, при постојни дадени фактори на производство.