Ангелов: Градење доверба меѓу Македонија и Грција
Во интервју за Независната балканска новинска агенција, тој нагласува дека мерките за градење доверба меѓу двете земји сами по себе не се поврзани со прашањето за името, кое треба да се решава одделно, без да влијае врз најосновните аспекти во односите меѓу двете соседни земји...

Со мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција се обидуваме да надоместиме за изгубените години кои требаше да ги потрошиме за изградба на правни и практични основи за билатералната соработка, изјави македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов.
Во интервју за Независната балканска новинска агенција, тој нагласува дека мерките за градење доверба меѓу двете земји сами по себе не се поврзани со прашањето за името, кое треба да се решава одделно, без да влијае врз најосновните аспекти во односите меѓу двете соседни земји.
Македонскиот амбасадор нагласува дека дека без оглед на изборите во Македонија или во Грција, сега или подоцна, македонската влада секогаш е подготвена да се ангажира во дискусиите за спорот со името, како во рамките на Обединетите нации, така и во директни средби со високи претставници на грчките власти.
