Конечно, со новиот Закон ќе се решат заостанатите стечаи

18.01.2014 16:14

Со новиот Закон...

Со новиот  Закон ќе се реши  долгогодишната „голгота“ на голем број вработени во вкупно 320 компании. Тоа се заостанатите,  најкомплицирани стечајни постапки од 1986 до 2011 година. Премиерот Груевски  очекува постапките да бидат завршени најдоцна за една година. Законот вчера беше усвоен во Собранието и деновиве ќе излезе во „Службен весник“.  Меѓу компаниите заглавени во стечајни постапки се ТИПО, „Маврово“, делови од „Железара“, МЗТ, „Центро“, „Порцеланка“, Кожарски комбинат „Куманово“, повеќе земјоделско индустриски комбинати, но и случаи како „Фиком“, „Самарија“.