ЕУ ги укинува санкциите за околу 170 Белоруси, меѓу кои и Лукашенко

29.10.2015 13:38

Одлуката ќе биде во сила четири месеци, а е донесена откако Лукашенко во август помилува шестмина политички затвореници...

Европската унија на четири месеци ги укинува санкциите за околу 170 Белоруси, меѓу кои и претседателот Лукашенко.

Одлуката ќе биде во сила четири месеци, а е донесена откако Лукашенко во август помилува шестмина политички затвореници.

Според британските медиуми, позитивно е оценето и отсуството на нови политички репресивни мерки по претседателските избори на кои го освои петтиот мандат.