Меморандум за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово

29.10.2015 14:03

Преку него ќе се восопостави експертска група за преземање мерки против недозволената трговија со оружје во Југоисточна Европа, ќе биде и регулиран начинот за заемна соработка...

Потпишан Меморандум за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Преку него ќе се восопостави експертска група за преземање мерки против недозволената трговија со оружје во Југоисточна Европа,  ќе биде и регулиран начинот за заемна соработка.

Според директорот на Бирото за јавна безбедност, Савовски, ќе има поефективни истражни и разузнавачки стандарди, развивање на заедничка програма и организирање на заеднички обуки за полициски службеници кои работат директно на терен во насока на сузбивање на овој вид криминал.