Пешевски: Над 500 домашни компании соработуваат со странските инвеститори

29.10.2015 14:32

Прометот на македонските компани од соработката со странските инвеститори во зоните, информира вицепремиерот, досега изнесува 50 милиони евра...

Над 500 македонски компании имаат директна соработка и  бенефит од  отворените производствени капацитети на странските инвеститори, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Прометот на македонските компани од соработката со странските инвеститори во зоните, информира вицепремиерот, досега изнесува 50 милиони евра. Во соработка само со странските компании кои се наоѓаат во слободните економски зони годинава вкупниот износ на трансакции  изнесува 24 милиони евра, рече Пешевски.

Според него, има зголемување на вработувањата кај речиси сите домашни компании кои соработуваат со инвеститорите во технолошко индустриските развојни зони и во индустриските зони низ државава. Има случиа, како што рече, кога се отворени целосно нови компании за да даваат услуги на компаниите во зоните, за снабдување со храна, за хигиена, во градење на индустриските објекти