„Билд“: На Грција ќе мора да и се простат долговите од 200 милијарди евра

29.10.2015 14:50

Според овие тврдења банката се придружува кон тврдењето на многу економисти и грчки политичари дека без простување на долговите, договорот не може да биде оддржлив...

Германскиот весник „Билд“ објави доверлив интерен документ на Дојче Банка според кој потегот да и се прости на Грција долгот од 200 милијарди евра е скап, но и  неизбежен и ќе мора да се случи до крајот на годинава.

Според овие тврдења банката се придружува кон тврдењето на многу економисти и грчки политичари дека без простување на долговите, договорот не може да биде оддржлив.

Секој граѓанин од Европа ќе го чини приближно по 700 евра. До крајот на годинава се проценува дека грчкиот долг ќе достигне 340 милијарди денари.

Соња Стојановска