Метео: Времето во наредните денови без поголема промена
29.10.2015 14:55
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност...

Времето во Македонија и во наредните денови без поголема промена. И утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен источен ветер.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.
Во текот на викендот ќе дува умерен североисточен ветер кој од недела ќе создаде услови за намалување на облачноста и повлекување на маглата.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
