Ставрески: Рангирањето на „Дуинг Бизнис“ резултат на спроведените реформи

29.10.2015 15:04

Според вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, ваквото рангирање е резултат на посветеноста на работата и на спроведените реформи...

Според најновиот извештај на „Дуинг бизнис“, Македонија е 6-та во Европа, а 12-та во конкуренција на 189 држави. Според вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, ваквото рангирање е резултат на посветеноста на работата и на спроведените реформи.

„Посебно е значајно, што Македонија бележи напредок во сите индикатори и секоја година е подобра од претходната. Буквално секоја година, од 2006-та до 2015-та, остварен е континуиран напредок, од 94 место во светот на 12-то, 82 места подобрување што е импозантен прогрес“, рече вицепремиерот Ставерески во одговор на пратеничко прашање.

Според Ставрески, проценките на македонската Влада се совпаѓаат со оние на меѓународните финансиски институции дека нашата економија со сите реформи е добро позиционирана да оствари високи стапки на раст и натамошно намалување на невработеноста.