Милошоски: СДСМ бега од договорот
29.10.2015 15:19
Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ бега од договорот, со намера да се продлабочи политичката криза и Македонија да ја изгуби препораката...

И натаму 4-те најголеми политички партии без договор околу надлежностите на новите министри и заменици-министри, според договорот од Пржино. Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ бега од договорот, со намера да се продлабочи политичката криза и Македонија да ја изгуби препораката.
„Она што бараме е конструктивно однесување од СДСМ, да постигнеме договор за сите претходно усогласени работи и да можеме да ставиме крај на овие истоштувачки преговори, да ја завршиме оваа политичка криза и да продолжиме со работа за доброто на државата“, изјави Милошоски.
