Економијата и здравството во фокус на пратеничките прашања
Економија и состојбите во здравството во фокусот на денешната собраниска седница, резервирана за пратенички прашања. Наскоро ќе се потпише договор за инвестицијата на „Костал“, „ОДВ Електрик“ ја гради новата фабрика. Ќе се отворат 2 илјади работни места. Најавен е влез на уште две компании од Америка...

По „ОДВ Електрик“ која веќе работи во индустриската зона Oхрид/ Струга за месец и половина треба да се потпише договорот и со германската „Костал“ која произведува автомобилски делови. Двете фабрики ќе вработуваат околу 2.000 лица – одговори премиерот Никола Груевски на пратеничко прашање.
„Некаде во мај- јуни ќе бидеме сведоци на отворањето на новата фабрика на ОДВ Електрик, а во првиот квартал од следната година ќе започне и изградбата на новата компанија во оваа зона, германската Костал“, изјави премиерот Груевски.
Многу скоро се очекува и влезот на две американски компании во земјава, кои би требало свои капацитети да градат во Струмица и Скопје, а вкупните вработувања повторно би биле околу 2.000 лица, обелоденија министрите.
500 милиони евра е прометот на нашите компании кои соработуваат со странските во развојните зони. Со реформите и стратегиите за вработување, се дојде до најниската стапка на невработеност од 26,7 проценти, а преку проектот „Македонија вработува“ за 6 месеци се вработиле близу 8.000 млади луѓе рекоа министрите.
Ставрески порача дека реформите и сето превземено во изминативе години ја прават Македонија примамлива за инвестирање.
„Буквално секоја година, од 2006-та до 2015-та, остварен е континуиран напредок, од 94 место во светот на 12-то, 82 места подобрување што е импозантен прогрес“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставерески во одговор на пратеничко прашање.
Социјл- демократите велат дека земјава има нефункционален здравствен систем кој нестручно се води. Премиерот Груевски со одговор дека од времето на СДСМ сега буџетот за здравството е 11 пати поголем. Се инвестира во кадар , опрема, се воведоа системски перки за пацинетот да ја добие потребната заштита.
„Се инвестираа околу 100 милиони евра за набавка на опрема и апарати во здравството. кои се ставени во употреба и се користат. Многу од нив, или воопшто ги немаше во Македонија или ги имало само на едно место- во Скопје, а кога работeле кога не. Тоа е времето на СДСМ. Денес тоа е променето има огромни инвестиции, се што е потребно се обезбедува“ рече Груевски.
Днешните пратенички прашања беа втори откако опозицијата се врати во парламентот.
Миле А. Ристески
