Иванов: Одоговорно однесување на партиските лидери, обврските да се реализираат

29.10.2015 16:44

Претседателот повикува на разумност и на конструктивен дијалог, како единствен успешен начин за изнаоѓање решение, усогласување на ставовите и надминување на предизвиците...

„Одговорно однесување од лидерите на сите политички партии, потписници на договорот. Преземените обврски мора доследно да бидат реализирани“ - порака од претседалот Ѓорге Иванов по средбата со амбасадорските делегации на Чешка, Австрија, Словачка, Шведска, Хрватска и Словенија.

„Македонија е предолго време во политичка криза и сите политички партии мора да покажат максимална одговорност и доследно да ги исполнат сите обврски од договорот. Тоа е нивна обврска и тоа е нешто кое го очекуваат граѓаните на Република Македонија“, се вели во писменото соопштение од Кабидентот на претседателот кој повикува на разумност и на конструктивен дијалог, како единствен успешен начин за изнаоѓање решение, усогласување на ставовите и надминување на предизвиците.

Ставот на амбасадорите бил дека стабилизирањето на политичката клима во земјата е од суштинско значење за европската и евроатлантската иднина на Македонија и порачале политичките партии да заземат сериозен и одговорен пристап во однос на имплементирање на договорот и да се фокусираат на евроатлантскиот пат на земјата.