Водокрст во Тетово

18.01.2014 16:31

Долгогодишната традиција еден ден пред празникот Водици, на Водокрст, да се фрла крстот во црквата Света Богородица во тетовска населба Горно Маало, продолжи и годинава.

По крстот се фрлија три момчиња, а најсреќен меѓу нив беше Ненад Стојановски, кој прв пат е дел од оваа традиција.

„Одамна ми беше желба и дојде ред годинава да скокам по крстот. Посакувам здравје мир и бериќет, другото само по себе ќе дојде“, рече Ненад Стојаноски.

Со светата божествена литургија чиноначалствуваше митрополитот тетовско - гостиварски, г. Јосиф.

„Тука во Тетово традицијата е единствена – крстот да се фрла два пати, на Водокрст и на Водици. Нема ништо лошо во тоа, сепак водите се осветуваат, тоа е една убава традиција која треба да се одржи“, изјави Г. Јосиф – Митополит тетовско – гостиварски.

Ваквата традиција овде започнала уште во 1987 година, кога во осветените води по крстот скокнал Горан Хаџи Иљоски – Чајка.

„Мој предлог е од следната година, крстот да се фрла во реката, затоа што реката е оддалечена само 100 метри. Се надевам дека новиот владика ќе го прифати тоа“, вели Горан Хаџи Иљоски – Чајка.

Централната прослава на Водици во Тетово ќе се одржи утре во соборниот храм Свети Кирил и Методиј.

Новинар: Зоран Јовановски  

Снимател: Даниел Евросимоски