Лозарите садат без стратегија
30.10.2015 09:55
Лозарите во дилема која сорта да ја насадат. Без препорака од винарските визби повторно се решаваат за најзастапените како и досега, смедеревката и вранецот...

Со интересот за обновување на старите и подигнување нови лозови насади се јави проблем која сорта повеќе ќе одгова на пазарот. Од винарските визби нема препораки што да садат, велат земјоделците.
Се решаваат за смедеревка од белите и вранецот од црвените, а од трпезните сорти, за оние со повисоки цени.
За добивање субвенции мора да се употребуваат сертифициран посадочен материјал од регистрирани производители или трговци.
Четирите домашни регистрирани центри учествуваат со мали количества од потребите закалеми, а поголемиот дел се увезува најмногу од Србија.
Методија Трајков
