Претседателот Иванов во посета на Ватикан и Италија

30.10.2015 10:01

Шефот на државата утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин...

Претседателот Иванов, од денеска ќе престојува во посета на Ватикан и на Италијанската република.

Шефот на државата утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Во рамки на посетата на Ватикан, сопругата на претседателот, Маја Иванова, ќе ја посети детската болница „Бамбино Џезу“, која соработува со Клиниката за детски болести од Скопје.

Претседателот Иванов за време на работната посета на Италија, ќе има и средба со претседателот Серџо Матарела.