УКРАИНА

Експлозии во магацин за оружје во Луганск, има жртви

30.10.2015 10:17

Според властите, во магацинот се наоѓаат повеќе од 3.500 тони муниција. Наредена е евакуација на 20 илјади луѓе, а пожарникарите се борат со пожарот...

Најмалку две лица загина во серија силни експлозии што се случија во еден магацин за оружје во областа Луганск, на југоистокот на Украина. Експлозиите предизвикале масовна паника во областа инаку под контрола на Киев.

Според властите, во магацинот се наоѓаат повеќе од 3.500 тони муниција. Наредена е евакуација на 20 илјади луѓе, а пожарникарите се борат со пожарот.

Украинската безбедносна служба го окарактеризира инцидентот како терористички чин откако стигна вест дека во објектот се слушнале најмалку два истрела од сигнален пиштол.