Најмалку 21 мигрант загина во Егејското Море

30.10.2015 10:20

Досега се спасени 138-мина. Грчката крајбрежна стража трага по исчезнатите, а точниот број не може да се утврди...

21 мигрант загина во двете најнови несреќи во водите на Егејското Море. Доцна синоќа грчките власти добиле сигнал за превртен чамец со над сто бегалци во регионот на Калимнос.

Досега се спасени 138-мина. Грчката крајбрежна стража трага по исчезнатите, а точниот број не може да се утврди.

Рано изутрината покрај Островот Родос крајбрежната стража спасила шест бегалци и извадила три тела од морето. Се трага по уште три лица.