Пуштени во употреба пет мали хидроцентрали

30.10.2015 10:37

Пуштени во употреба петте мали хидроцентрали, дел од хидро- системот „Бошава“ во Кавадарци. Инвестицијата ќе овозможи долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето на општините Кавадарци, Неготино и Росоман,наводнување на Тиквешкото поле и годишно производство од над 33 милиони киловати електрична енергија...

Водениот потенцијал од реката Бошава 100 проценти ќе биде искористен.Пуштени во работа петте хидроцентрали, дел од истоименот хидро системот. Оваа инвестиција е тешка 20 милиони евра. Средствата се обезбедени преку јавно приватно партнерство помеѓу Водостопанство Тиквеш, Хидро Бошава и концернот Колектор. Инвеститорот за две години го обнови постоечкиот канал кој е составен од отворени канали, тунели, сифони, армирано бетонски канали во должина од 26 километри.

Бенефитот од работењето на овие пет мали хидро централи е огромен. Општините Кавадарци, Неготино и Росоман трајно го решија проблемот со недостиг на вода за пшиење, обезбедена е дополнителна количина на вода за наводнување на околу 1000 хектари и производство на годишно ниво на 33 милиони и 100 илјади киловат часеви електрична енергија.

Хидросистемот Бошава за локалната самоуправа е проект кој може да се надоградува.

Во Македонија досега државата има дадено дозвола за изградба на 86 мали хидроцентрали. Покрај за подобрување на водоснабдувањето и наводнувањето на земјоделски обработлива површина со овие хидро централи ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија.

 

Дијана Иванова