Сезонските попусти создадоа граничен метеж
Некои да исплакнат очи, други да купуваат. Попустите во Грција кои за Водици достигнуваат и до 80% го наполнија граничниот премин Богородица на македонско- грчката граница. Од раните утрински часови македонските државјани брзаат кон Солун за да го искористат поевтинувањето пред се на брендираната стока. Некои одат по она што го нема тука.
-Време е за шопинг? Повеќе за шетање.
-Да. Попустите големи ли се?- па по нашите информации да.
-Поголеми ли се попустите во грција? Не нема врска, нешто што нема тука, одиме таму.

Повеќето не сакаа да зборуваат пред камера. Неофицијално велат дека гардеробара со препознатлив моден знак сега во Солун може да се најде И ЗА 10 евра.
Скопје, Струмица, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Прилеп, тоа се најчестите регистерски таблички на возилата кои утрово заминуваат за Грција.
Од граничната полиција велат дека изутрината имало благо зголемување на фреквенцијата на сообрајќај. Во Грција влегле околу две илјади македонски државјани. Во споредба со минатата година тоа е скоро тројно повеќе, но македонските граничари објаснуваат дека лани немало празничен викенд. На другата страна од границата, Грците доаѓаат да пијат кафе во Гевгелија.
-Одиме во Гевгелија да пиеме по едно кафенце. Каде е поефтино?- Тука, тука е поефтино, вели грчки државјанин.
И покрај зголемената фрекфенција за излез од Македонија, сообраќајот се одвиваше без застој. Македонските граничари велат дека и во вечерните часови со полн капацитет ќе ги пречекаат патниците кои ќе се вратат во Македонија.
Катерина Давчева