Словенија: Можни заострени мерки на граничната контрола
30.10.2015 10:39
Министерката за внатрешни работи изјавила дека за сега тоа се уште не е случај, и не прецизирала за какви мерки станува збор...

Владата на Словенија на вонредна седница ја предвидела можноста од заострување на мерките на граничната контрола поради приливот бегалци, што е подготвена да го направи ако се влоши состојбата со бегалскиот бран.
Министерката за внатрешни работи изјавила дека за сега тоа се уште не е случај, и не прецизирала за какви мерки станува збор.
Иако во вториот бегалски бран во Словенија влегоа повеќе од 100 илјади луѓе, бројките покажуваат дека во однос на минатата недела ситуацијата се смирува.
