Сеуште нема епилог од разговорите за договорот

30.10.2015 10:48

Според одредени информации, олеснувачот Питер Ванхауте доставил нов предлог за надлежностите на министрите и на заменик- министрите во новата влада...

Се уште нема епилог од разговорите меѓу 4-те политички партии за имплементација на договорот од Пржино. Според одредени информации, олеснувачот Питер Ванхауте  доставил нов предлог за надлежностите на министрите и на заменик- министрите во новата влада.

Предлогот бил збир од досегашните разговори на партиите во врска со надлежностите што треба да ги има новиот министер за внатрешни работи што треба да го предложи СДСМ, а за што треба да има согласност од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ.

Партиите за предлогот имале внатрешни консултации и средби. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој учествува во преговорите меѓу партиите, изјави дека СДСМ свесно сака продолжување на политичката криза и губење на препораката од Европската комисија.

Од СДСМ пак возвратија дека ВМРО-ДПМНЕ го минира договорот од 2-јуни и 15-ти јули, бидејќи тимот на Специјалниот јавен обвинител не е целосно комплетиран, со што се крши и Законот за специјалното јавно обвинителство.