Ракетен напад врз камп со ирански дисиденти во Ирак
30.10.2015 11:17
Иранските дисиденти тврдат дека уште најмалку 20 нивни луѓе загинале во нападот...

Поранешната воена база покрај меѓународниот аеродром во Багдад, во која се сместени ирански дисиденти беше цел на ракетен напад доцна синоќа, во кој беа убиени тројца ирачки војници.
Иранските дисиденти тврдат дека уште најмалку 20 нивни луѓе загинале во нападот.
Ирачката полиција соопшти дека врз кампот либерти биле истрелани 16 ракети. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
