Одбележување на Светскиот ден на штедењето

30.10.2015 11:41

На најдобрите шалтерски работници од банките и од штедилниците ќе им бидат доделени признанија за постигнати особени резултати...

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, ќе го одбележи 31-ви октомври, Светскиот ден на штедењето.

На најдобрите шалтерски работници од банките и од штедилниците ќе им бидат доделени признанија за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населeнието за 2014 година.