Ќе започне со работа првото меѓународно основно училиште, објавен конкурс за избор на наставници
Наставниот план и програмите ќе бидат на англиски јазик. МОН објави конкурс за избор на наставници кои треба да исполнуваат неколку услови...

Како заеднички проект на Министерството за образование, Британскиот совет и Бирото за развој на образованието, за прв пат во Македонија ќе се отвора Меѓународно основно училиште. Наставниот план и програмите ќе бидат на англиски јазик.
МОН објави конкурс за избор на наставници кои треба да исполнуваат неколку услови.
„Сведоци сме дека се повеќе има интерес кај родителите и децата да учат на англиски јазик, дел од нив се запишуваат во приватни училишта. Затоа како Влада одлучивме да пробаме, прво да најдеме соодветен кадар. Планот е во една од скопските општини, во веќе постојните училишта, да бидат отворени првите паралелки. Потоа, според тоа како ќе се развива интересот, дополнително ќе ги определуваме следните чекори“, изјави заменк- министерот за образование, Спиро Ристовски.
Проектот ќе се реализира првично во Скопје, почнувајќи од прво одделение и тоа како двојазична билингвална настава. Дел од наставата ќе се одвива на мајчин, а дел на англиски јазик.
