Досега издадени речиси 200.000 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-125.713, потоа Авганистан-38.006, Ирак-14.924...

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.853 странски државјани, од кои 1.477 се од машки пол, 496 се од женски, 631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 249 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.404, од Авганистан-1.086, од Ирак-163, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до денеска издадени се потврди на вкупно 192.810 странски државјани, од кои, 119.014 се од машки пол, 27.699 се од женски, 37.032 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.065 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-125.713, потоа Авганистан-38.006, Ирак-14.924, Пакистан-4.233, Иран-3.240, Палестина-1.651, Сомалија-965, Бангладеж-901, Конго-491, Нигерија-256, Камерун-222, Еритреја-212, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
