Пекол во ресторан во Кабул
Најмалку 21 лица загина, меѓу кои американски, британски и канадски државјани, кога бомбаш-самоубиец се разнел пред еден популарен либански ресторан во главниот град на Авганистан, Кабул. Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за нападот во областа која во којашто има повеќе странски амбасади и ресторани, и којашто е инаку добро обезбедена.

„Се слушаа истрели од надвор, не знам што се случуваше. Не можев да излезам бидејќи насекаде имаше припадници на безбедносните сили“, вели готвач во ресторан.
Нападот се случува во тешко време за Авганистан, бидејќи голем дел од странските трупи се подготвуваат да ја напуштат земјата.
Според најновиот извештај во поплавите и во лизгањето земјиште во Индонезија загинале 23 лица. Пет лица загинале во Џакарта поради струјни удари предизвикани од поплавите или од давење, а повеќе од 4 300 лица се евакуирани од домовите. Поплавите се честа појава во Индонезија во сезоната на дождовите којашто трае околу 6 месеци.
Големото невреме кое што го зафати регионот предизвика штета во Бразил. Позната статуа на Исус Христос во Рио де Жанеиро била погодена од гром којшто делумно ја оштетил. Статуата била реставрирана во 2008-та година кога исто така удар од гром и ја уништил главата.
Марина Автовска